Пpивeдeни двajцa kpaдци oд Скопје – вo нeкoлкy нaвpaти извpшилe тeшки kpaжби нa пoвeќe лoкaции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СВР Скопје – ЕВР Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против А.Н.(35) и А.Д.(26), двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сториле повеќе кривични дела „тешка кражба” и „тешка кражба на дрзок начин”.

Врз основа на судска наредба, а по претходно добиени сознанија дека во повеќе наврати извршиле тешки кражби во станови, каде одзеле пари и платежни картички, на 08.06.2021 биле извршени претреси во нивните домови.

При претресите биле пронајдени и одземени повеќе предмети поврзани со кривичните дела меѓу кои и платежни картички во сопственост на оштетени лица.

Тие биле приведени во полициска станица, а на првопријавениот му бил одреден и притвор од судија на претходна постапка.  

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This