Пpивeдeни тpи лицa вo тeкoт нa вчepaшниoт дeн нa paзлични лoкaции: Пpи извpшeн пpeтpec кaj нив билa пpoнajдeнa mapихyaнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници извршиле претрес на три различни лица, едно од Тетово, и две од Скопје на различни локации, при што кај лицата била пронајдена марихуана.

На 30.03.2021 околу 20:30 часот на ул.„Браќа Миладинови” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Л.М. (20) од Тетово, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.03.2021 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода В.К. (29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.                                          

На 30.03.2021 во 21:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Парк-шума Гази Баба го лишиле од слобода Д.М. (32) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This