Во интервју за Слободен печат претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев изнесува неколку провокативни тези за Преспанскиот договор како и за Договорот за добрососедство со Бугарија.
Коцарев во интервјуто тврди дека и двата договори се недостоинствени за граѓаните на Македонија и дека Македонија е „центар за регионална дестабилизација“ како резултат на геополитичките игри на големите сили кои ја претвораат во поле на своевиден експеримент.
Ако кон ова се додадат и домашните политички превирања тогаш, заклучува Коцарев, бродот наречен Македонија полека но сигурно тоне.
-За можните геополитички импликации треба да се направи многу подетална анализа, а за идните политички решенија треба да има консензус. Синтагмата „ЕУ е единствена алтернатива“ е потполно погрешна – многу е подобро да зборуваме, на пример, дека ЕУ е најдобрата, од повеќето, алтернативи. Или, слично. Вака, ако ЕУ, од повеќе причини (неповрзани со Македонија) го стопира целосно процесот на проширување или го одложи за подолг период, што тоа ќе значи за Македонија?
Извор: Слободен Печат