Пpeтceдaтeлoт нa Гepмaниja зa cитyaциjaтa вo Aвгaниcтaн: Tpaгeдиja зa кoja и Германија нocи oдгoвopнocт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Германија, Франк Валтер Штајнмаер оценува дека преземањето на власта во Авганистан од Талибанците е „политичка пресвртница што ќе го промени светот“. Германија, додава тој, е исто така одговорна за „човечката трагедија“.

Тоа што талибанците ја презедоа власта во Авганистан ќе има долгорочни глобални политички последици, оценува германскиот претседател.

Овие денови доживуваме човечка трагедија за која делиме одговорност и политичка пресвртница која ќе нè раздрма и ќе го промени светот“, порача Франк Валтер Штајнмаер од Берлин.

Германија, вели тој, мора да стори се што е можно за своите сонародници и Авганистанците кои помагаа со години да ги доведе на сигурно.

Треба да се одговара на „горчливи прашања“

Брзиот колапс на авганистанската влада и на нејзините вооружени сили, и фактот дека талибанците ја презедоа власта речиси без отпор, „фрлаат дола сенка“, смета Штајнмаер.

Неуспехот на нашите повеќегодишни напори да изградиме стабилна и одржлива заедница во Авганистан поставува прашања суштински прашања за минатото и за иднината на нашата надворешна политика и воен ангажман, признава Штајнмаер.

Се отвораат, вели тој, „горчливи прашања“ на кои треба да се одговори искрено и темелно. А тие одговори, нагласи Штајнмаер, треба да се бараат во рамки на НАТО.

Укината германската развојна помош за Авганистан

Владата во Берлин, во меѓувреме, ја запре развојната програма за Авганистан, изјавни надлежниот министер, Герд Милер. Сите германски и странски службеници на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), што беше одговорно за развојна помош, безбедно го напуштија Авганистан.

Само оваа година од програмата требаше да бидат исплатени 250 милиони евра, но досега не беше уплатен ниту цент од таа сума на Авганистан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This