ПPOБЛЕМИ СО БРЕГЗИТ: Европската комисија зaгрижена за изводливоста за заминувањето на Британците од Унијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен изрази зaгриженост за изводливоста на преговорите за истапување на Обединетото Кралство од ЕУ до крајот на 2020 како што предвидуваат роковите.

Фон дер Лајен ова го изјави во интервју за француски економски весник. По победата на премиерот Борис Џонсон, договорот за истапување на Обединетото Кралство предвидува формално нaпуштање на Британците на 31 јануари 2020 година, но потоа следуваат клучните трговски преговори за идното партнерство меѓу ЕУ и Обединетото Кралство. Според роковникот, спогодбата треба да биде финализирана до крајот на 2020, но Европската комисија е песимист дека е тоа изводливо.

-Многу сум загрижена што имаме малку време. Не станува збор само да се преговара за спогодба за слободна трговија, туку и бројни други теми. Ми се чини дека од двете страни треба да се запрашаме дали овие преговори се изводливи во толку краток рок, би било разумно кон средина на годината да размислиме и доколку биде потребно да се договориме за одлагање на транзицискиот период, изјави фон дер Лајен.

Џонсон и поддржувачите на Брегзит во Обединетото Кралство се противат на било какво ново одлагање. Британскиот премиер е исто така решен да одбие усогласување со пазарните норми на Европската Унија и сака да ја “врати контролата“ врз законите и регулативите, што го отвора трнливото прашање на ирската граница.

Фон дер Лајен во интервјуто нагласува дека “ако сакаме да го уживаме просперитетот на заедничкиот пазар, да имаме пристап до него без бариери и царини, мораме сите да ги прифатиме неговите заеднички принципи и вредности.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This