Пpoгнoзa нa УХМР: Минycни тeмпepaтypи цeлa нeдeлa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Променливо облачно и студено време со сончеви период со поојава на локални слаби врнежи од дожд и снег ќе следи наредните денови.

Од УХМР најавуваат дека температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Утре и во среда ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Утринските температури утре ќе се движат од минус пет до 6 степени, во среда од минус пет до три, четрвток од минус шест до два, во петок во целата земја ќе бидат под нулата и ќе се движат од минус седум до минус еден, во сабота од минус четири до два степена и во недела од нула до пет степени.

Дневната температура утре ќе биде меѓу два и 12 степени, во среда од три до 12, четврток од четири до 12, петок од пет до 13, сабота од 6 до 13 и недела од 6 до 14 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This