Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. УХМР соопшти дека во југоисточните делови ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Максималните температури ќе бидат од 8 до 14 степени, а минималните до најмногу 8 степени.
Управата издаде предупредување за утре и понеделник. Имено под влијание на циклонска активност во Медитеранот и влажна воздушна маса, во недела кон крајот на денот и во понеделник ќе има пообилни врнежи од дожд, а на места ќе бидат и поројни (над 35 л/м2).
Во понеделник на планините врнежите ќе бидат од снег. Во недела ќе дува засилен југоисточен ветер.