Пpoдaвници co aлkoхoл вo Франција мopa дa нyдaт и aлko-тecтoви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 1-ви јули, супермаркетите, колонијалите, винариите и онлајн-продавниците што продаваат алкохолни пијалоци имаат обврска да постават и полица со тестови за присуство на алкохол во здивот.

Продавниците во Франција од летово ќе бидат обврзани да ги прикажат тестерите на посебно место, вклучувајќи тестови на хемиска основа и електронски тестови. Овие уреди мора да се наоѓаат веднаш покрај најголемата полица со алкохолни пијалоци или покрај касата.

Од онлајн-продавниците се бара да прикажат соодветен банер на страницата за потврда за нарачката, којшто ќе покажува дека продавницата нуди и тестови за алкохол.

Прекршувањето на обврската ќе се казнува со парична казна во висина меѓу 675 и 1.875 евра.

Франција во 2019 година започна национална програма за вградување уреди што оневозможуваат стартување на моторот доколку возачот е во алкохолизирана состојба – за возачи што повеќепати направиле прекршок и возеле со прекумерно присуство на алкохол во организмот. Во првите девет месеци од минатата година биле поставени околу 1.500 вакви уреди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This