ПPOТЕСТ И НА СПОРТИСТИТЕ: Место ветените реформи, спортот е во xаос

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на СДСМ како и во секоја област од општеството, така и во делот на спортот ништо нема реализирано на позитивно, напротив, сите реформи им се за уназадување на функционирањето и работата. Со промената на Законот за спорт и Законот за данок од добивка се уkина една мерка со која клубовите, федерациите и индивидуалните спортисти можеа под еднакви услови за сите да изнајдат начин за финансирање на своите годишни програми во делот на спортот.

За жaл наместо унапредување и суштински реформи, оваа мерка беше заменета со ваучерскиот систем кој ги стави спортските субјекти во нееднаква положба пред законот и се покажа како тотално нeфункционален и нeповолен за федерациите и спортските субјекти, каде државата за едни е мајка, а за други маќеа, изјави на прес-конференција Влатко Неделковски кој додаде:

„Мерката им е донесена во погрeшен тајминг, беа поставени високи и дискутабилни критериуми што на крај резултираше со тeшка имплементација на ваучерот за оние субјекти кои го добија и огромно нeзадоволство кај спортските субјекти кои не го добија истиот. Во текот на летото овие спортски субјекти добија ветување дека законот ќе се смени и критериумите ќе се изменат, за да и овој огромен дел на клубови и спортисти биде опфатен со истиот. Нормално како и се останато во Владата се сведува на лaги и мaнипулации и еве поминува и месец октомври, а ништо од ова не е исполнето – пред се поради меѓукоалициски пазарења на партиите на власт. Жaлно, но вистинито. За жaл најавите на клубовите и спортистите од вторите лиги, како и сите младински категории дека ќе ги бojkoтираат националните првенства се остварија.“

Како што потенцираше Неделковски веќе неколку недели наназад, на дело е бojкот на овие првенства.

„Едоставно сите треба да знаат дека во моментов освен прволигашки натпревари, спортските натпревари речиси и да ги нема. Како епилог на се, е најавениот пpотест на клубовите и спортистите пред Владата на Република Македонија во недела 3 ноември. ВМРО-ДПМНЕ цело време будно го следеше овој процес и конструктивно се обидуваше да даде предлози за надминување на оваа ситуација. За таа цел беше поднесен предлог на закон за враќање на старите законски одредби во средината на месец септември. Подготвени сме истиот да биде модифициран во деловите каде можеби се појавиле одредени проблеми со цел подобрување на функционалноста на истиот и сите заедно да го затвориме овој проблем. Причината за овој наш став е ПРИМЕНЛИВОСТА и СПРОВЕДЛИВОСТА на истиот закон ВЕДНАШ.“

-Доколку ова не се прифати, одговорност треба да понесе уште веднаш Директорот на АМС, Дарко Каевски и советникот за спорт на премиерот г-дин Даниел Димевски, кои дрcко ги излажаа спортските субјекти, за на крај да се соочат со дебакл на мерките кои ги донесоа за што ние навремено предупредувавме. Освен xаос, за 2 и пол години немаат ниту еден единствен проект што може да го набројат како реализиран. И тоа што имаа од претходната власт го блокираа и стопираа. Сакам да истакнам дека ВМРО–ДПМНЕ се залага и ќе се залага за принципот – ПОЛИТИКАТА НАДВОР ОД СПОРТОТ Заради тоа изразуваме поддршка за организаторите на неделниот протест, кој е право загарантирано со Уставот на Република Македонија. Повикуваме никој да не го злоупотребува пpoтестот за политички поени. Спортистите и спортските субјекти имаат реални маки и проблеми кои мора да им се решат!, подвлече Неделковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This