Радев убедлив фаворит за нов мандат: Втор круг од претседателските избори во Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Бугарија се одржува вториот круг од претседателските избори.

Актуелниот претседател Румен Радев, кој сега е независен кандидат заеднички поддржан од БСП, „Продолжуваме со промената“ на победниците на последните избори Кирил Петков и Асен Василев и „Има таков народ“ на ТВ водителот Слави Трифонов, ги повика Бугарите на масовна излезност.

Сакам, пред сѐ, да ги повикам сите луѓе на целосна мобилизација. Пред пет години победивме затоа што бевме мотивирани. Ќе го повторам тоа што го кажав пред неколку денови – ние сме вистинските, но на изборите победуваат организираните. Затоа да не му дадеме шанса на минатото да ја поткопа нашата иднина – порача Радев.

Неговиот противкандидат, ректорот на Универзитетот во Бугарија, проф. Анастас Герџиков кој е исто така независен кандидат, но поддржан од ГЕРБ-СДС, ги повика граѓаните масовно да гласаат за надминување на сите кризи кои се намножија во внатрешнат и надворешната политика во Бугарија, како и во економијата.

Од друга страна, поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, порача дека ќе биде срамно Радев да остане претседател.

Поголем срам ќе биде Радев да остане претседател. Само за една недела успеа да не скара со нашите соседи. Бугарија беше најсаканата држава на Балканот, сѐ што беше добро се случуваше во Софија, надворешната политика на ЕУ се водеше од овде. Сега се мразиме со Скопје, се мразиме со Албанија, се презираме со Турција, постои вистинска закана за етнички конфликт – обвини Борисов.

Според анкетите, Радев е јасен фаворит во вториот круг, особено ако се земе предвид дека во првиот имаше повеќе од двојна предност пред противкандидатот, која е тешко веројатно дека ректорот Герџиков ќе успее да ја достигне.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This