РАЗДОР ВО КОСОВСКАТА ВЛАДЕАЧКА КОАЛИЦИЈА: Весељи остро им се спротивстави наТачи и Харадинај!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се продлабочува кризата во косовската владејачка коалиција, откако Демократската партија на Косово (ДПК), највлијателната партија во власта, најави дека ќе се повлече од декларацијата кој не признава промени на границите и дека е против одржување на меѓународна конвенција за косовското прашање.

ДПК, чиј лидер е потпретседателот на парламентот, Кадри Весељи, ги повика политичките лидери и претставниците на приштинските институции да се откажат од едностраниот политички пристап, и заеднички да се координираат во интерес на граѓаните на Косово и нивната држава.

Партијата, на чие чело порано беше сегашниот косовскиот претседател Хашим Тачи, бара да се укуне декларацијата која не се признава промена на границите, и да се повлече понудата упатена до САД и до ЕУ за иницирање и организација на меѓународна конференција за косовскто прашање, која претходно ја упати Рамуш Харадинај до амбасадорите на големата петорка и до амбасадорот на ЕУ.

Како што пишува „Бота сот“, во идејата за одржување на таква конференција ДПК гледа реална опасност од повторно отварање на прашањето за конечниот статус на Косово.

Приштина, пак, смета дека конечниот статус на Косово е решен со едностраното прогласување на косовската независност на 17ти февруари 2008 година.

Па така, ДПК смета дека одржувањето на таква конференциаја ќе донесе и ризик од вмешување на Русија во тој процес, што на Приштина не ѝ одговара.

„Личните ставови се важни, но официјалните ставови и одлуки кои се однесуваат на државата мора да ги донесува државата. Собранието на Република Косово е највисок државен орган и ниедна одлука нема вредност без одобрение на пратениците.“, се вели во соопштението на ДПК.

Од партијата исто така пројавија загриженост и поради слабата координација и соработка меѓу институциите за прашања од национален интерес.

„Демократската партија на Косово сака да го напушти едностраниот политички пристап и протагонизам, кој ја води земјата кон политичка криза, во време кога предизвиците со кои се соочува земјата бараат национално единство.“, се вели во соопштението.

„Косово е во дијалог за нормализација на односите со Србија и взаемно признавање, место во ОН и забрзување на членството во ЕУ и НАТО.“ се додава во истото.

ДПК уште еднаш апелираше до опозиционите политички партии да превземат одговорност за прашањата од државен интерес за што и беа избрани од граѓаните.

„Позицијата на ДПК е јасна: Косово е независна и суверена држава, и секоја одлука која ќе биде донесена мора да биде потврдена во парламентот на Република Косово од државните избраници и од заедничка платформа.“, пишува во соопштението.

Во соопштението исто така стои и дека секоја одлука донесена во дијалогот со Србија треба да биде потврдена од народот преку оджување на референдум, и од косовскиот парламент.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This