РАЗОЧАРАНИ ОД ЗАПАДНИТЕ „ВРЕДНОСТИ“: Про-руските кандидати победија во Бугарија и Молдавија поради разочараност од економскиот колапс по членството во ЕУ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последиците на антируските санкции и антиглобалистичкото расположение доведоа до победата на проруските политичари на претседателските избори во Молдавија и Бугарија, смета Њујорк тајмс

New presidents Bulgaria and Moldova

Санкциите им нанесоа сериозна штета на економиите на Бугарија и Молдавија и воопшто не е чудо тоа што граѓаните своите гласови им ги дадоа на кандидатите кои им ветија дека ќе ги поправат односите со Москва.

Откажувањето од прозападните кандидати е предизвикано од тоа што гласачите се незадоволни од корупцијата во власта и нискиот стандард на животот во однос на западните земји – тој јаз по уривањето на социјалистичкиот систем во Источна Европа е сѐ поголем.

Покрај тоа, населението во тој регион е сѐ повеќе разочарано од западните вредности, истакнува Њујорк тајмс.

Не може да се негира ни значењето на историските врски на двете земји со Русија, се ситакнува во анализата.

Засега е неизвесно до кое ниво ќе оди приближувањето на Молдавија и Бугарија кон Русија, но очигледно е дека незадоволството на народите предизвикано од прозападната насока на претходните власти доведе до последици кои на Западот ретко кој ги очекуваше, што може да се спореди со ситуацијата на неодамнешните претседателски избори во САД.

Кои и да се причините поради кои граѓаните на двете земји ги поддржаа проруските кандидати, резултатите на овие избори се нов удар за Западот во најнепријатниот момент, истакнува њујоршкиот весник.

Нов претседател на Бугарија е генералот Румен Радев, кого го поддржа Бугарската социјалистичка партија и кој најави подобри односи со Русија, додека во Молдавија победи заговорникот на поврзувањето со Москва Игор Додон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This