РАЗОЧАРУВАЊЕ И СУДИРИ ВО СДСМ ОХРИД: Заев и Тунтев на сомнителен начин избраа кандидат за грдоначаник на Охрид!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бурни реакции и разочарување во СДСМ Охрид по одлуката на Заев и Тунтев да го кандидират Јован Стојаноски за градоначалник на Охрид.

Не стивнуваат реакциите на членовите и повисоките структури од општинската организација на СДСМ во Охрид по одлуката на Зоран Заев и Томислав Тунтев, со која на сомнителен начин го кандидираа Јован Стојаноски за градоначалник на Охрид.

Од извори во СДСМ Охрид дознаваме дека изминативе денови по одлуката за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ да биде кандидиран   професорот Јован Стојаноски, настанала бурна расправија помеѓу членови и високи функционери од општинската организација на СДСМ Охрид од една страна кои биле против оваа одлука и пратенкот и координатор на СДСМ, Томислав Тунтев кој ја бранел ваквата одлука.

Членовите се прашуваат, зошто во избор од некоку кандидати, Заев и Тунтев се одлучија за корумпираниот митаџија, професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, Јован Стојаноски.

Не изостанаа и јавните реакции и разочарување од другите тројца најсеризони кандидати на ваквата одлука на Заев и Тунтев.

Прв на листата излажани од страна на Заев е бизнисменот и поранешнен преседател на СДСМ Охрид, Науме Јованоски.  Изминатиот месец, Зоран Заев и Хазби Лика оддржа состанок и ги презентираа измените на текстот, на Законот за јазици токму во ресторанот на Јованоски, притоа Заев му дал целосна поддршка на Науме Јованоски околу кандидатурата за градоначалник. Јованоски изјави дека има доволно сработено и заслужено да биде кандидат за градоначалник на Охрид, сметајќи на поддршката на Заев како и добриот углед кој го има помеѓу членството на СДСМ во Охрид. Меѓутоа по одлуката, кандидат да биде Јован Стојаноски тој во телефонска изјава за порталот Охрид 1 изјави: “СДСМ и се е можно“,  алудирајќи на тоа дека очекувал вакви нечесни чекори од својата матична партија.

Јованоски изминативе денови и јавно го искажува својот револт и нагалсувал дека нема да работи за СДСМ.

Втор на листата на разочарани е Владо Чингоски, адвокат и еден од основачите на СДСМ Охрид. И тој не го крие револтот поради ваквата одлука. Во телефонска изјава за портлот Охрид 1 изјавува дека треба да се направи анализа што може да направи кандидатот Јован Стојаноски и кој стои зад него. Чинговски  веќе подолго време не се согласува со одлуките на Томислав Тунтев. Според него  единствено што гледа Тунтев е да наметне свои луѓе на сите значајни позиции.

Трет на листата  излжани од страна на Заев и Тунтев е бизнисменот  Лазе Таневски кој вложи неколку милиони евра во изградба на најсовремениот хотел на охридското крајбрежје и веќе долги години вложува во туризмот.

Зоран Заев како премиер, Оливер Спасовски и голем дел од врвот на СДСМ беа гости на отворањето на неговиот хотел пред еден месец. Тогаш Заев му дал целосна поддршка на Таневски да се кандидира за градоначалник на Охрид меѓутоа како и во останатите случаи Заев дал лажно ветување.

Скандалозна е одлуката на Заев и Тунтев да изберат професор кој е познат по примањето мито за полагање на испити како и по неговите скандалозни и недолични однесувања како во факултетот така и во јавност. Професорот Јован Стојаноски кој често кон студентите и вработени во државната администрација  се обраќал со  зборовите “бриши“, “сељак“, “чистисе“ и  друг погрдни  зборови како и примањето мито  беше мотив  за реакции од студентите и граѓаните на  социјалните мрежи.

Јован Стојаноски е познат и по тоа што како продекан за финансии на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид во времето кога на власт беше СДСМ, го донесе факултетот во финасиски колапс, а сето тоа поради неконтролирано трошење на средства за скапи патувања, скапи вечери како и делење високи бонуси на дел од своите колеги.

Граѓаните говорат дека на овој начин Зоран Заев и Томислав Тунтев  сакаат  да кандидираат корумпиран митаџија, човек кој ќе биде марионета за да  ја земат власта и да го продолжат уништувањето на Охрид као што тоа се случуваше во периодот од 2005 до 2013 година, кога тогашниот градоначалник од редовите на СДСМ, Александар Петрески остави долг од педесет милиони евра.

За  нештата да бидат уште  поскандалозни, Александар Петрески човек за кој се водат неколку судски постапки и има неколку кривични пријави е дел од тимот на Јован Стојаноски кој изминатиов период агитираа низ Охрид за Јован Стојаноски, иако неговата кандидатура не беше официјално објавена.

Се поставува прашањето: Дали Зоран Заев и Томислав Тунтев однапред го скроиле планот за кандидатурата на Јован Стојаноски притоа неземајќи го во предвит мислењето на членството како и лажејќи ги останатите кандидати.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This