Ракитиќ се збогуваше со Барселона

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наспроти лошата слика која Барселона ја остави со слабата игра против Валенсија во синоќешното финале од Купот на кралот, сега фудбалска Шпанија дополнително зборува и за потегот на Хрватот Иван Ракитиќ.

Барселона загуби од Валенсија останувајќи без уште еден трофеј. Сериозни критики имаше на сметка на тренерот Ернесто Валверде, но и на поединци од тимот, пред се на Ракитиќ кој беше и тоа како лут кога мораше да го напушти теренот. Хрватот откако беше заменет шутна шише со вода кое беше во близина на клупата и одби да се поздрави со соиграчите и членовите на стручниот штаб.

Со тој потег, се чини, Ракитиќ и дефинитивно си порачал билет за заминување од Барселона…

-Нормално дека сум вознемирен. Ја почитувам одлуката на тренерот, но само сакав да помогнам. Дадов се од себе на теренот. Тоа е мојата реакција, каква е таква е, и не можам ништо повеќе да кажам“ – истакна хрватскиот репрезентативец по синоќешниот натпревар.

Latest News

Go88 Casino A New Level of Gaming

Gaming has become an integral part of our lives, with technology constantly evolving to provide us with better and...

More Articles Like This