РАМА: Косово е дел од Албанија, обединувањето е крајна цел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за телевизијата„Вижн плус“ изјавил дека идејата за корекција на границите помеѓу Косово и Србија е едно од можните решенија за косовските проблеми,а само Косово го нарече дел од Албанија, пренесува грчкиот портал „Прототема“.

„За што разговаравме денес со Грција ? За границите. За што разговараа Косово и Црна Гора и што се се случи? За границите. Зошто да не се разговара за границите помеѓу Србија и Косово? Ќе разговараме и за нив,бидејќи станува збор за процес на демаркација“, изјави Рама, ставајќи ја Грција во иста позиција со земјите од Западен Балкан кои имаат отворени прашања во однос на границите.

Албанскиот премиер ги осуди сите кои се против ,,корекција“ на косовските граници, нарекувајќи го Косово како дел од Албанија.

„За мене Косово е дел од Албанија, друго се прашањата на Рамуш Харадинај“, истакна Рама реагирајќи на изјавата од косовскиот премиер дека Тирана се меша во внатрешните работи на Приштина.

Еди Рама уште еднаш повтори дека крајната цел е обединување на Косово со Албанија, нарекувајќи го тоа план А.

„Унија помеѓу Албанија и Косово не е план Б, туку план А, и јас не ја замислувам таа унија во 21 век како фолкорен чин“, изјави Рама.

Како тоа го толкува грчката „Прототема“, тоа значи дека тоа обединување нема да биде само културно или јазично, туку суштинско и политичко.

Грчкииот портал оценува дека изјавата на албанскиот премиер може да предизвика големи последици за цел регион на Балканот.

Нова демократија од Грција оваа изјава на Рама ја оценува како закана по безбедноста.

Реагирајќи на тврдењето на албанскиот премиер дека Атина и Тирана се во преговори за корекција на границите , функционерот од опозиционата грчка партија Нова демократија Јоргос Кумуцакос истакнува дека ваквите тврдења ја загрозуваат безбедноста, пренесува АНА-МПА.

Тој побара од Владата на Грција да одговори дали е вклучена во разговори со албанскта Влада за прекројување на границите помеѓу двете земји.Воедно ја повика Владата да се произнесе за ставот на Рама за корекција на границите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This