Рама: „Отворен Балкан“ е начин Србија да го признае Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Отворен Балкан“ не е само пат на иднината за просперитет на албанската нација, туку е и нова и одлична можност за Србија да го признае Косово, вели албанскиот претседател Еди Рама и наведува дека оваа иницијатива ја отстранува и границата меѓу Албанија и Косово.
Во објава на Фејсбук, по повод вчерашната средба со две Албанки кои освоија златни медали на Олимписките игри во Токио, Рама, меѓу другото, напиша за важноста на иницијативата „Отворен Балкан“ и големите придобивки што носи иницијатива.
„Што се однесува до еден од многуте примери за големото добро на „Отворениот Балкан“, кој не сака да разбере зошто отворениот Балкан конечно ја отстранува границата меѓу Албанија и Косово, нека ми јави зошто досега не беше отстранета од оние кој гоа гласно го ветуваа и зошто да не можете да ја отстраните таа граница без „Отворен Балкан“, рече Рама.
Рама ги критикуваше косовските лидери што одбиле да се приклучат на иницијативата „Отворен Балкан“, наведувајќи дека Приштина ги иритира своите сојузници постапувајќи во дијалог со Белград.

Тој додаде дека никој во Косово или Албанија не очекува од него и новото владејачко мнозинство во Албанија да се откажат од „дипломатската борба за мир и економски и социјален просперитет на отворениот Балкан – вклучително и признавање на Косово од страна на Србија“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This