РАМА ПОТКЛЕКНА: Попушти пред барањата на студентите од државните универзитети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Република Албанија во текот на денешната седница усвои неколку одлуки во врска со барањата на студентите од државните универзитети, што ги поставија во текот на нивните демонстрации, јавува Anadolu Agency (AA).

На прес-конференција, премиерот на Албанија, Еди Рама, откри неколку од одлуките на Советот на министри на Албанија, во врска со осумте барања на студентите од државните универзитети кои протестираа во текот на декември во Тирана и во другите градови во земјата.

„Состанокот на Владата ги имаше во фокус студентите, не само нивните барања, туку и други аспекти, како основен елемент на спогодбата за универзитетот, која верувам дека ќе ја откриеме во средината на наредниот месец. Донесовме некои значајни одлуки кои ги исполнуваат барањата на студентите и одат понатаму од тоа, за да го воведат универзитетот во една фаза на реформи за трансформација“, рече Рама.

Советот на министри на Албанија усвои одлуки за определување на категориите на лица кои имаат корист од намалувањето на годишните тарифи за студирање. Студентите од семејствата со социјална помош, како и слепите, параплегични и тетраплегични студенти, имаат корист од 100 отсто финансирање на тарифата за запишување во прв циклус на студии, каде што, исто така, некои категории ќе имаат корист од стипендии. Исто така, корист ќе имаат и одредени категории на студенти во втор циклус студии.

Во овие рамки, донесена е и одлуката за гаранција на финансиската транспарентност во јавните високообразовни установи, како и усвоена е одлуката за формирање комисија за определување на меѓународната академска литература во установите за високо образование, што ќе биде преведена на албански јазик.

Владата на Албанија на 19 декември го објави нацртот на една спогодба за универзитетот, по постојаните барања на студентите демонстранти, ангажирајќи некои работни групи што работат на овој документ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This