Рамбо Амадеус во свој стил откри дека е 3apa3ен со kopoна: „Само без возбудување и паниka, Килотцаpoт е со челично здравje“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српските медиуми во петокот се распишаа дека омилениот црногорски музичар е хоспитализиран бидејќи е заразен со коронавирус, но неговиот помал син, Петар Пушиќ ги демантираше тие тврдења. Сега на Фејсбук се огласи Рамбо кој потврди дека сепак е позитивен на коронавирус.

„Драги обожаватели, само без многу возбудувања и паника, вистина е дека Царот е позитивен на коронавирус, но, не наседнувајте на драмски текстови во жолтиот печат, Килотицарот е со челично здравје и овој пат порачува – короната демнее, не бира, коси немилосрдно и уважени колеги, но, колку трагедијата и опасноста се поголеми, моралот мора да е повисок“ – порача Рамбо Амадеус.

„Во врска со тоа ветувам дека концертот, поради овие неопходни одложувања, ќе биде уште поинтересен и возбудлив, со должен пиетет кон сите кои ја загубија битката со короната. Музиката не е за мене ни за моите колеги зезанција, туку неопходен сегмент од животот“ – напиша тој и истакна дека најдобар начин да го поддржат е ако носат маска и држат дистанца.
„И пријавете се за вакцинација, но бога ми и навреме купете билет за концертот, бидејќи тоа најдобро ќе ми го подигне имунитетот. Тоа е поддршка, а сè друго се празни зборови. „Show must Go On“ песната нè одржа и ѝ благодариме“ – заклучи тој во свој стил. Истовремено искористи прилика да потсети дена на 10 април во Белград ќе биде неговиот концерт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This