РАМПА ОД ШПАНИЈА ЗА КОСОВО: Шпаницте не сакаат Косово да добие впечаток дека е полноправна држава и дека може да биде членка на ЕУ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шпанија достави писмо во облик на „нон-пејпер“ пред усвојување на стратегијата за проширување на Западен Балкан, во кој го „стопира“ Косово

© Flickr/ nene9

Само една недела пред усвојувањето на Стртегијата за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, Шпанија ја доведе во прашање стратегијата но и целиот процес поради острото спротивставување на вклучувањето на Косово во било кој процес кој остава впечаток дека Косово се третира како држава, пишува „Коха Диторе“.

Во писмото во облик на „нон-пејпер“ кое Шпанија го достави пред усвојувањето на стратегијата за проширување на западен Балкан, Шпанија се спротивставува на употребата на терминот ЗБ6 (кратенка која означува шест земји од балканот), а истакнува дека „Косово не е дел од процесот за проширување“, пишува „Коха Диторе“.

Ако се земат во обзир примедбите на Шпанија, според наодита на овој дневник, тогаш Стратегијата за проширување на ЕУ, наместо поддршка, уште повеќе ја умртвува надежта за процесот на проширување на ЕУ со земји од овој дел на Европа.

„Во дипломатските кругови се спомнува дека Шпанија има намера да се спротивстави на учеството на Косово и на Самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан во Софија“, пишува „Коха“.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This