April 30, 2024, 12:21 pm

РАМУШ ГО ОТФРЛИ „ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“ КАКО МОДЕЛ: Тоа не ни е пример, релациите помеѓу Белград и Приштина се поинакви

Поврзано

- Advertisement -

Во многу кругови во регионот се зборува за моделот на Преспанскиот договор меѓу Република Македонија и Република Грција и кога сето тоа ќе се заврши мислам дека тоа ќе биде доказ за можноста да се решат и други ситуации. Секако сите ситуации се специфични на свој начин – вели во интервју за МИА косовскиот премиер Рамуш Харадинај на прашањето дали Преспанскиот договор може да послужи како некаков модел во преговорите меѓу Косово и Србија.

- Advertisement -


Косовскиот премиер во интервјуто признава дека односите меѓу двете земји се обременети од поблиското минато, но дека,сепак, посакува стабилизирање и мир во регионот, и конечно сите земји да тргнат кон евроатлантските интеграции.

– Ние имаме за цел постигнување сеопфатен договор, бидејќи меѓу Белград и Приштина има долга листа на работи за кои мораме да се договориме: од воена отштета, сукцесијата, трговијата и политиката, правата на српската заедница која живее на Косово, верските и сите останати права… Се надевам дека и ние ќе успееме да преземеме некои добри одредби од Преспанскиот договор. Не би смеел, сепак, да кажам дека тоа е модел, бидејќи релациите меѓу Косово и Србија се поинакви. Односите меѓу нас и Србија се битни, ние сме заинтересирани да се договориме за да постигнеме мир засекогаш за народите на двете земји, како и со соседите, бидејќи мирот и помирувањето го помагаат економскиот развој – вели косовскиот премиер.

Харадинај во екслузивното интервју за МИА, што ќе го објави утре, зборува и за храброста на македонскиот и грчкиот премиер да го направат исчекорот со Преспанскиот договор и ја изразува својата убеденост дека доколку имплементацијата заврши во предвидените рокови, тоа ќе ги забрза и другите слични процеси за надминување на разликите во регионот, дополнително ќе го стабилизира и ќе придонесе за економскиот развој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This