РАСПУКА МОЗАИКОТ НА ПЛОШТАДОТ СКЕНДЕРБЕГ: Попука ѕидот на мозаикот по само една година официјално отварање на плоштадот Скендербег

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една година по официјалното отворање на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, мозаикот  распукува, јави „Порталб“.

Покрај мозаикот на фотографијата, има и бројни други пукнатини по ѕидовите на издигнатиот плоштад.

Од сајтот се обратиле во Општина Чаир, чија инвестиција беше плоштадот, а од таму добиле одговор дека нема оштетувања на мозаикот.

„Секторот за урбанизам во Општина Чаир постојано се грижи за одржувањето на плоштадот ,Скендербег’ преку поставување на потребната урбана опрема, засадување цвеќиња и редовно чистење. Комисијата ангажирана од овој сектор при последната теренска проверка откри оштетувања на плочките и на скалилата, коишто ќе бидат поправени наскоро. Во однос на тврдењето за оштетување на мозаикот, споменатата комисија, составена од архитекти и инженери, не откри оштетувања што бараат естетски интервенции“, одговориле од Општина Чаир.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This