РАСТЕ НЕЗАДОВОЛСТВОТО ВО СДС ОД ПАРТИСКИТЕ КРИМИНАЛЦИ: Истакнати активисти влегоа во отворена војна со Ковачевски и криминалот на партијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се повеќе излегува на виделина незадоволството од политиките на СДСМ и нивните криминали. Седум месеци откако ја превземаа власта делењето на функции на партиските полтрони и тендери не само што не се намалува туку и се зголемува до невидени граници. Членовите и нивните најголеми подржувачите на СДСМ секојдневно пишуваат за криминалните зделки и злоупотреби од високи партиски функционери.

Најпознатиот млекар во Македонија кој се декларираше дека е жртва Душан Илиевски или во јавноста познат како Душко Млекарот распали по функционерите на СДСМ. Доволно е да го отворите неговиот Фејсубк профил и ќе ви стане јасно дека секојдневно пишува за криминалното владеење на СДСМ

Во неговите неколку објави на Фејсбук упатува прашања со новоназначениот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски. Тој Ковачевски го прашува дали има некои должничко доверителски односи со кандидат за пратеник од дијаспората како и за начинот на кој е назначен за директор на РЕК. Тука се открива и уште еден момент за кој јавноста не е ни свесна. Имено Ковачевски поседува фирма за обезбедување која Душко млекарот ја ословува како “Blackwater“ која има договор за ископување на руда од рудникот.

За назначувањето на Васко Ковачевски реагираше и поранешниот шеф на центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски. Тој посочи дека Ковачевски е еден од рекордерите по наплатувањето на патни трошоци од страна на Собранието на Република Македонија и плус е награден со директорска функција а воедно и стекнал функција како претседател на ракометниот клуб Пелистер.

Дека СДСМ се служи со притисоци па дури и кон нивните членови, Душко Млекарот пишува во еден од своите постови. Поради ваквите пишување почнале да му стигнаат закани од Генералниот Секретар на СДСМ, Александар Кирацовски. Тој воедно прашува како Кирацовски зема речиси 4000 евра патни трошоци кога живее во Скопје. Ако е ова вистина што го пишува Душко млекарот тогаш ова е работа за јавното обвинителство по основ на допрен глас.

Душко Млекарот исто така пишува и за назначувањето на Стојан Георгиевски за нов директор на “Битолско Поле“. Очигледно плочата е сега сменета откако се наместија на фотелји. Во време кога беа опозиција цело време критикуваа дека ова јавно претпријатие е пералница на пари и дека служи само за земање на пари од земјоделците ама затоа сега се фалат јавно.

Криминалот во СДСМ е во подем. Изгледа 11 години во опозиција предизвикале големи фрустрации кај членовите и функцинерите на СДСМ и затоа сега на секаков можен начин бесрамно крадат и се назначуваат за директори и за членови на управни одбори се со цел што е можно повеќе приграбување на пари од граѓаните на Република Македонија. Животот што го ветуваа дојде, но само за неколкумина.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This