Рашковски личнo paзвил coфтвep зa cooбpaќajни kaзни пpeд дa гo кyпи кaкo гeнepaлeн ceкpeтap нa Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Набавката за која Владата платила 81 илјада евра, а осум месеци седи неискористена, носи назив „Софтвер за определување просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни“, додека Рашковски има патент од 2018 година со речиси исто име: „Систем и уреди за контрола на брзината на возилата во сообраќајот, определување на просечна брзина и изрекување на казни“.

„За оние што читаат само наслови, многу работи се исти“, ни одговори Рашковски со СМС-порака прашан да ја коментира коинциденцијата.

Драги Рашковски е автор на „Систем и уреди за контрола на брзината на возилата во сообраќајот, определување на просечна брзина и изрекување на казни” уште од 2017 година, објавил самиот во својата лична биографија, која е достапна на интернет. Случајно или не, системот за кој „360 степени“ извести дека го набавил Рашковски во 2020 година како генерален секретар на Владата, а осум месеци не се употребува од ниедна институција, има речиси исто име: „Софтвер за определување просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни“. За оваа набавка Владата ѝ платила околу 81 илјада евра на фирмата „Инвока гроуп“.

Веќе објавивме дека „Инвока гроуп“ е формирана на 14 јуни 2017 година, две недели по доаѓањето на СДСМ на власт и девет дена по именувањето на Рашковски за генерален секретар на Владата. Компанијата, чиј сопственик и управител е Даниел Станчев, досега добила три јавни набавки – сите три од владиниот Генерален секретаријат додека со него раководеше Рашковски. Плаќањето за конкретната набавка е извршено на 9 јули минатата година, шест дена пред парламентарните избори. Пред оваа јавна набавка да ја добие „Инвока гроуп“, имало уште два вакви тендера во 2019 година распишани од Секретаријатот, но биле поништени.

Софтверот во изработка во Македонија, награден во Москва

Според податоците до кои дојде „360 степени“, Рашковски во 2018 година го патентирал „Систем и уреди за контрола на брзината на возилата во сообраќајот, определување на просечна брзина и изрекување на казни“.

Интересен е податокот дека во периодот кога според договорот меѓу Генералниот секретаријат и „Инвока гроуп“ (потпишан на 6 февруари 2020 година) сѐ уште се изработувал нарачаниот софтвер, Рашковски добил меѓународно признание за својот изум со слично име. Станува збор за пехар и златен медал на Меѓународниот саем на пронајдоци „Архимед“ одржан во Москва од 24 до 27 март 2020 година.

Системот на Рашковски е награден со златен медал и на Глобалниот форум за иновации одржан во октомври 2020 година на Кипар. И за руската и за кипарската награда на Рашковски постојат записи на официјалните интернет-страници на двете манифестации.

За признанието од Кипар, Рашковски се пофалил на својот фејсбук-профил.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Рашковски: За оние што читаат само наслови, многу работи се исти

Коментар за коинциденцијата побаравме од Рашковски. Еве што ни одговори во СМС-порака:

„За оние што читаат само наслови, многу работи се исти“.

Кога во понеделникот (8 март 2021 г.) ја објавивме сторијата за софтверот набавен од владиниот Генерален секретаријат за 81 илјада евра, кој не се употребува од ниедна институција, Рашковски изјави:

„Апсолутно беше отворен процесот за сите компании кои сакаат да аплицираат. Така што, ќе ве замолам, без тендециозни наметнувања, затоа што не е коректно да кажете дека некој во период кога било се компетитивно, кога имало три компании, да кажете дека се поврзуваат со мене. Според мене, тоа е само наведување за нешто што апсолутно не е така во реалноста.“

Од МВР, пак, единствената надлежна институција за изрекување казни за сообраќајни прекршоци, за „360 степени“ рекоа дека не се запознаени со набавката ниту планираат да ја користат.

Во врска со набавката на софтверот за кој прашувате, ве известуваме дека тој софтвер не е дел од системот на МВР и поради тоа нема потреба од координации, меѓутоа можно е да е координирано со други државни органи, имајќи предвид дека одредени надлежности за оваа проблематика имаат и други државни институции“,одговорија од МВР.

Компанијата што го изработила софтверот вели дека тој нема да застари.

„Софтверот не фаворизира никакви камери, напротив, наменет е за секаков бренд и секаков вид камери кои се наменети за оваа намена. Тестиран е на автопатот Миладиновци-Штип и на улицата ‘Партизанска’. Тој е предаден заедно со изворниот код, така што и кога би имало каква било потреба за надградба, тоа може да го направи кој било ентитет“,ни рекоа од фирмата „Инвока гроуп“.

Антикорупциска отвора предмет, премиерот собира информации за случајот

Од Државната комисија за спречување на корупција вчера најавија дека ќе ја истражуваат набавката на софтверот за изрекување казни за сообраќајни прекршоци, кој лани го купил Генералниот секретаријат на Владата.

„Ќе отвориме предмет по сопствена иницијатива, по допрен глас од медиумите за набавката на Генералниот секретаријат кој купил софтвер за потреби на друга институција, а таа институција не го користи. Тоа се доволно елементи да го отвориме предметот, па ќе видиме што понатаму“,ни изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Премиерот Зоран Заев вчера застана во одбрана на Рашковски, иако рече дека ги побарал на увид сите документи за случајот.

Секако дека исклучувам сомнеж во набавката, тоа е направено, колку што се сеќавам, со ФИНКИ, со тендерска процедура. По информацијата во јавноста се обратив до службите да ме информираат барем усно, чекам да ми стигнат документите. Постапката била предвидена со буџет од 8 милиони денари, имало компетитивност, но сè уште не ги знам деталите. Спроведена е целосна постапка“,изјави премиерот.

Извор: 360stepeni.mk

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This