РАЈ ЗА ГАСТРБАЈТЕРИ: Во оваа земја странски работници земаат и по 9.300 евра плата, а може да се аплицира и во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според резултатите на анкетата на банката „HSBC“, странците во Дубаи во просек заработуваат 138.177 долари годишно, или 112.633 евра, што е околу 9.390 евра месечно.

Освен тоа, 72 отсто од странците рекле дека сега имаат повеќе пари отколку кога работеле во својата татковина.

Според резултатите на истата анкета, најголеми плати на странци се исплаќаат во Мумбај во Индија, каде во просек заработуваат 217.165 долари годишно, односно 177.019 евра.

Анкетата исто така покажала дека Дубаи е едно од најдобрите места во светот во поглед на приликите за вработување и богатиот социјален живот.

Како до вработување во Дубаи без посредничка агенција

Дубаи е атрактивна дестинација за вработување кај Македонците, особено во последните неколку години.

Постојат повеќе македонски и странски агенции за посредување преку кои можете да добиете работа, но доколку сакате самостојно да најдете, можете да ги искористите веб сајтовите кои нудат директен контакт со работодавачите од Дубаи. Притоа, морате да внимавате, бидејќи според лично искуство на многумина, голем дел од тие сајтови се лажни.

Сѐ што треба да направите е да се регистрирате на некои од сајтовите кои нудат работа во Дубаи и да го прикачите Вашето CV, а потоа да аплицирате за некое работно место. Откако ќе аплицирате за некое работно место, работодавецот ќе Ве исконтактира, а интервјуто обично се врши преку Skype. На интервјуто можете конкретно да се информирате за сите услови. Иако сѐ се прави врз основа на заеднички договор, најчесто работодавецот Ви ги плаќа патните трошоци, а Вие потпишувате договор за работа во времетраење од 1 или 2 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This