Резил

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ниту Агим Исмаиловиќ избегал, ниту полицијата го фатила, ниту судот го пуштил да си оди. Напротив, Исмаиловиќ едноставно си заминал дома по рочиштето во судот, кој и овој пат не му одреди притвор иако тоа го бараше обвинителката Фатиме Фетаи, па како и во последните три години Агим Исмаиловиќ заминал дома, каде полицијата го пронајде како се пакува да се пријави во полициска станица.

Но она што загрижува е какафонијата на различни институции кои, ако немале намера намерно да предизвикаат дефокусирање од актуелните случувања со Бугарското вето, или надзорната расправа за „Еуростандард Банка“, тогаш на покажаа целокупната своја неспособност ефикасно да следат човек обвинет за петкратно убиство.

Откако од судот информираа дека Агим Исмаиловиќ се дал во бегство, откако ја напуштил судницата, паниката се префрли во Министерството за внатрешни работи.

Оттаму пак, од МВР, потврдија за медиумите дека тие се во координација со судот и ги превземаат сите мерки за пронаоѓање на лицето.

Од опозицијата, со право, реагираа на фактот што институциите загубија лице кое се терети за едно од најтешките кривични дела во земјава.

Новинарот Фуркан Салиу пак, наспроти сите овие информации, пред МВР и судот го пронајде Агим Исмаиловиќ – дома. И успеа да го сними, и да ја објави снимката. Сето ова додека „полицијата трагаше по осомничениот“.

„-Агим Исмаиловиќ НЕ Е ФАТЕН затоа што не ни пробал да избега!

Не му е определена мерка куќен притвор, па затоа не мора да биде секогаш дома.

Единствена мерка на претпазливост која била изречена е да се јавува на суд два пати неделно, тоа го правел 3 години, без ниту една забелешка.

Во моментот кога полицијата стигнала пред неговата куќа, он бил излезен, само што го известија дека е баран, дојде дома, спреми алишта и сакаше да се пријави во најблиската полициска станица.

Пред да искочи од дома, се појави едно полициско возило и го приведе.

Манипулативни наслови по одредени медиуми кои имаат за цел само кликови не се професионални, дури и му нанесуваат штета на обвинетиот, а се надевам дека тоа не е целта затоа што он да, е обвинет, ама не е виновен се додека не се докаже спротивното“, напиша на Фејсбук, новинарот Салиу.

Инаку медиумите се „професионалните“ Телма и Фокус.

Но да биде ситуацијата потрагична, попладнево и МВР се впушти во политичко коментаторство па во соопштение до медиумите ја напаѓаа опозициската ВМРО-ДПМНЕ која ја критикувала полицијата за „загубениот“ Исмаиловиќ.

Од МВР во соопштение велат дека ВМРО-ДПМНЕ го покажала својот „дилетантизам“ и „политичко незнаење“. Демек, полициската работа е и политика?

„Со денешното соопштение партијата ВМРО-ДПМНЕ покажува класичен политички дилетентизам и незнаење.
Трагично е што или не знаат што зборуваат или свесно ги лажат граѓаните.
Вистината е сосема спротивна.“ – велат во соопштението на МВР.

Несериозно и непрофесионално, но за жал во истото соопштение се продолжува со квалификации на опозицијата, сетне ќе помислиш МВР е политичка опција, а не министерство за полиција, на сите граѓани вклучително и на оние кои гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

На крајот од соопштението, може да се прочита и класичната максима која Зоран Заев ја користи тогаш, кога нема што друго попаметно да каже:

„ МВР е стожерот во борбата против незаконското постапување на било кој поединец, без разлика колку тоа на ВМРО-ДПМНЕ не им се допаѓа, правда мора да има!“

Правда морало да има. А јас велам не, мора само да се умре, се друго е двостепено – така е и со политиката која ја тера МВР, второстепена.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This