April 28, 2024, 10:15 am

РЕКОНТСТРУКЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ: До мај ќе биде комплетирано раководството во општинските комитети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Струмица ги започна теренските посети и средбите со жителите на македонските градови и села, кои претходно го најави и на Фејсбук.

Во Струмица, Мицкоски оствари средба со младите од градот, а одговараше и на новинарски прашања од кои едно се однесуваше на изборот на претседатели на општинските комитети на партијата. Притоа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека тоа е нормална постапка која што се случува веднаш после изборниот процес и после промената на раководството во самата партија.

-Во неделата заврши отворениот конкурс и се имаат пријавено неколку илјадници луѓе кои што конкурираат за претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела Република Македонија. Постапката на интервјуа ќе започне од 15 март и очекуваме некаде кон крајот на април, евентуално почеток на мај да ја имаме комплетирано целокупната структура и комплетирано раководството во општинските комитети. Потоа следува втората фаза односно фазата кога ќе започнеме да ја промовираме таканаречената постапка на работно лето. И понатаму соодветно јавноста ќе биде информирана за следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ и општинските организации, изјави лидерот на партијата.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This