РЕКОРДНА ЕВРОСКЕПТИЧНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА: Само 58% од Македонците се „За“ членство во ЕУ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќето граѓани на Европската Унија (ЕУ) се противат на проширувањето на ЕУ со нови членки во наредните години, додека за членството во ЕУ кај земјите кандидати владее убеденост дека тоа ќе биде корисно за нив.

Anadolu Agency

Во истражувањето беа вклучени петте земји кандидати за членство во ЕУ, а покажа дека во Македонија поддршката за влез во ЕУ е 58 отсто, а кај Турците овој процент изнесува 35.

Во Црна Гора четириесет и пет отсто од граѓаните сметаат дека членството во ЕУ би било  многу добро за нивната земја.

Македонија аплицирала за членство во ЕУ на 22 март 2004 година. На 9 ноември 2005 година, Европската комисија на Македонија решила да и додели статус на кандидат. Така, на 17 декември 2005 Претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија и доделила статус на кандидат за членство во Европската Унија. Сепак, датум за започнување на преговори со ЕУ Република Македонија сѐ уште не добила.Република Македонија, по конфликтот од 2001 година, денеска мирот се одржува главно поради спроведувањето на Охридскиот договор, според кој етнички Албанци добиле големо автономно управување. За разлика од Србија, Македонија успеала да го задржи својот суверенитет над целата своја територија.

42 отсто од граѓаните во Србија го поддржуваат членството во ЕУ, 22 сметаат дека тоа нема да донесе ништо добро за нивната земја, додека 28 проценти сметаат дека тоа не е воопшто добро за Србија.

Во Албанија дури 93 проценти од испитаниците изјавиле дека членството би било добро, а само еден отсто биле со негативен став.

Во Европската Унија , поддршка за проширување со нови земји членки даваат 43 отсто од граѓаните, додека 45 отсто се против

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This