РЕФЕРЕНДУМ ВО ИТАЛИЈА, ОПАСНОСТ ЗА ЕУ: Дали референдумот во Италија ќе значи и почеток на крајот на Еврозоната!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанците во недела на 4-ти декемри излегуваат на референдум на кој ќе гласаат за промена на Уставот. По „брегзитот“, референдумот во Италија многумина го оценуваат како судбински поради стравот дека, доколку граѓаните во мнозинство заокружат „не“, тоа би можело да значи крај на еврозоната

italija_referendum

Реформите на Уставот, за кој граѓаните треба да се изјаснат има за цел да ги намали овластувањата на Сенатот и долниот дом на Парламентот на Италија. Со обзир на последните промени на изборниот закон, реформата на Уставот би ја олеснила работата на Владата, а партијата која во иднина ќе освои 40% од гласовите во Парламентот добива апсолутно мнозинство.

Италијаните меѓутоа на тој референдум гласаат за многу повеќе од реформи. Премиерот Матео Ренци најави дека ќе поднесе оставка доколку Италијаните во мнозинство бидат против промени во Уставот, па референдумот ќе одреди кој и како ќе управува со Италија во време кога земјата ја тресе економска стагнација, фактот дека Италија, по Грција е најзадолжена членка на ЕУ и проблемите со мигрантите.

Слободан Јанковиќ од институтот за меѓународна политика, вели дека исходот од референдумот во Италија ќе биде исклулително важен, баш како и она што ќе следио потоа. Тој напоменува дека против промена на Уставот се и анти-семитското движење „Пет ѕвезди“, комплетната десница и дел од левицата.
„Ако граѓаните на референдумот ја послушаат пораката на опозицијата и гласаат против, ќе се ослабне технократската влада на Матео Ренци. Треба да се потсети дека тој не победи на изборите и дека тоа е веќе трета влада од 2011 година во Италија која нема добиено власт на легитимни, директни парламентарни избори, па тоа е многу важно да се промени“, напоменува Јанковиќ. Тој додава дека владата на Ренци е составена како од технократи, така и од еврофили.

„Последните месеци самиот Ренци ја промени реториката и почна да ја критикува ЕУ, меѓутоа тоа е знак дека евроуниската реторика повеќе не поминува и нема позитивен прием кај народот. Понатаму, самите политичари кои се за ЕУ се обидуваат да се дистанцираат од неа што покажува дека економската и институционална криза во Унијата е доста длабока и дека нешто ќе мора да се менува. Ако Италијаните на референдумот се одлучат да заокружат не, тоа ќе значи и промени во самата Италија, а последнично и во ЕУ“, објаснува Јанковиќ.

Последните истражувања на јавното мислење говорат дека Италијаните би можеле да го одбијат предлогот на Ренци, а Слободан Јанковиќ вели дека во тој случај на власт во Италија следната година би можело да дојде движењето Пет Ѕвезди.
„Разликата помеѓу Демократската партија на власт и партијата Пет Ѕвезди е на ниво од два проценти, па по постојниот изборен систем, кој дава премија на партијата која ќе освои највеќе гласови би можела да ја формира следната Влада. Секак, самото движење Пет Ѕвезди е прилично шаренолико, нема единствена идеологија и доколку дојде на власто со време би можела да се распадне“

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This