Реформата за основно ја прават за нашите деца да учат помалку за Македонија, Власта сака да создаде нови генерации кои нема да си ја сакаат својата татковина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Реформата за основно образование ќе биде нашите деца да учат помалку за Македонија, за војсководците, востанијата, двете светски војни и тие поинаку да се прикажуваат, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски за „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.

Мисајловски истакна дека власта сака да создаде нови генерации кои нема да си ја сакаат својата татковина, односно власта не сака новите генерации да бидат патриоти и за тоа почнува со вакви реформи од образованието.

– Историјата ја спојуваат како предмет и тоа значи дека многу сегменти од македонската историја нема да се изучуваат. Ја намалуваат содржината на сите работи кои сме ги изучувале во минатото. Дури се она што го има во химната која не потсетува на минатото сакаат да го сецкаат на делови, потенцира Мисајловски.

Во однос на секојдневните провокации од страна Бугарија, Мисајловски вели дека работа на власта и е да реагира, но очигледно не само што нема желба туку постои сомнеж дека сака да помогне на одредена политичка групација на тамошните избори.

– Владата не реагира и мораме ние како опозиција и како граѓани да реагираме, иако мора да реагира владата, но оваа власт ништо не прави ги нема за протестна нота да упатат, а можеби сакаат и да помогнат на некоја страна на изборите во Бугарија, нагласи Мисајловски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This