Реџепи се предомисли: Нема да учествува на денешната собраниска седница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи, откако не се појави на денешната собраниска седница за гласање на недоверба на владата, на социјалните мрежи соопшти дека, сепак, решил дека нема да учествува на денешната седница.

„Една од главните причини за мене и за политичкиот субјект Движењето Беса на кое припаѓам е евроатлантската интеграција на Република Македонија.
Со оглед на политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, за доброто на процесот и силните сигнали од стратешките партнери САД и ЕУ кои ми беа пренесени од високи дипломатски претставници, дека во декември земјата најверојатно ќе отпочне преговори за членство во ЕУ, решив да не учествувам на собраниската седница на која требаше да се донесе одлука со која ќе се доведе во прашање оваа национална и државна цел. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место.
На државата во овој значаен период не и треба политичка криза и тонење во турбулентни води полни со непознати работи.“, напиша тој на фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This