Родители најавуваат бojкот и протecти, неофицијално дознале дека учебната година можеби нема да почне во септември

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неколку часа откако Министерството за образование и наука соопшти дека се ангажирани 500 образовни асистенти кои ќе им бидат поддршка на учениците со попреченост вклучени во редовната настава од септември, родителите на социјалните мрежи обвинија дека настава воопшто немало да има.

Во групата „Учебници и настава мора да има“ на Фејсбук во која членуваат повеќе од 70.000 родители на ученици, нејзината администраторка и лидер на овие родители, Драгана Спасовска изнесува тешки обвинувања кон Министерството за образование и неофицијално дознала дека учебната година можеби нема да почне во септември.

Од неофицијални информации дознаваме дека можеби и нема да почне во септември.Ќе се запрашате зошто? Неофицијално дознаваме дека подготовката на учебници за четврто одделение не е ни до пола! Нема најава за дигитални уреди за секој ученик а се спрема за дигитализација! Инклузија е далеку од возможна бидејќи нема доволен број на образовни асистенти, така што на еден асистент ќе бидат доделени 3-4 деца со попреченост! Како ќе напредуваат овие деца министерката не ја засега! За пристап и превоз до училиште на овие деца не се зборува ништо!!! Ама важно обуки за ссо и рсо се тераат ,а ни половина од наставниците не се обучени! Свидетелства од мината учебна година уште нема!!! Ова го нема никаде во светот! Вакво образование и вакви реформи за два месеци ни супермен не може да спреми а камо ли министерката! – стои во дел од објавата на Спасовска на Фејсбук.

Родителите од први септември ќе ја бојкотираат наставата и ќе протестираат ако Царовска продолжи „да инсистира на целосна дигитализација и да спроведуваа родово сензитивни содржини во образованието“, а во меѓувреме најави и покренување постапка за измени во Законот за основно образование.

Извор „ММС.мк“.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This