April 27, 2024, 10:04 am

РУДАРСКА БУМ ИНВЕСТИЦИЈА ВО СРБИЈА ОД 1.46 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Кинеска компанија ќе инвестира неверојатни 1.46 милијарди долари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинеската компанија “Сиџин Mајнинг Груп”, која денес е избрана за стратешки партнер на рударско-топилничарскиот басен Бор, ќе инвестира 1,46 милијарди долари во Србија, изјави министерот за рударство и енергија Александар Антиќ.

Антиќ на прес-конференцијата во Владата на Србија рече дека компанијата “Сиџин Maјнинг Груп” има обврска да инвестира 350 милиони долари за докапитализација и дека кинеската компанија ќе има 63 отсто од сопственоста во Бор.

Кинеската компанија се обврза себеси, рече Антиќ, за да обезбеди 5.000 работни места и да инвестира 200 милиони долари за решавање на историските долгови, чие покривање е предвидено со претходно подготвен план за реорганизација.

Антиќ вели дека се очекува, договорот да биде потпишан во втората половина на септември и дека од почетокот на идната година, кинескиот партнер би можел да го преземе РТБ Бор. Компанијата “Сиџин” е еден од најголемите кинески производители на злато, а втората најголема во производството на бакарна руда.

Тој, исттакна дека од инвестицијата на “Сиџин”  320 милиони долари се предвидени за рудникот “Церово” и негово отворање како и топилницата, која има капацитет за производство од 80.000 тони, а во моментов произведува околу 43.000 тони.

Планот на кинескиот стратешки партнер е за три години да почне да работи со полн капацитет од 80.000 тони, а по шестгодишниот бизнис план и да го зголеми производвствениот капацитет. со што ќе произведува помеѓу 120.000 и 150.000 тони.

Антиќ рече дека договорот предвидува обврска за управување со загадувањето да биде оставена на стратешкиот партнер на РББ “Бор”, а “Цидин” се обврза да инвестира 136 милиони долари во екологија.

Втор понудувач за овие рудници била руската компанија „Ју злато“, која исто така ги исполнувала условите, но нивната понуда изнесувала 836 милиони.

Антиќ истакна дека ситуацијата помеѓу овие две понуди е јасна со што и образложи зошто Владата на Србија одлучи да ја прифати подобрата понуда.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This