РУСИЈА ИМА ОРУЖЈЕ КАКО НИКОЈ ДРУГ: Ниту еден противракетен систем не може против новите руски ракети!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пораките кои ги испрати рускиот претседател Владимир Путин во обраќањето пред Федералното собрание, покажувајќи ги најновите типови на оружје, потврдуваат дека Русија асиметрично одговора на заканите на Западот, вели воено политичкиот коментатор Мирослав Лазански.

Лазански сеќавајќи се коментира, Русите уште пред десетина години после Минхенската конференција на која Путин го предупреди Западот дека светот не е само нивен и истакна дека нема да влегуваат во нова трка за вооружување со Американците туку ќе одговори со асиметрични методи.

,,Американците инсталираа противракетен штит во Романија, Полскa и во Јужна Кореа. Русите не одгвори со свој антиракетен штит туку асиметрично, со тоа што го подобрија својот офанзивен ракетен потенција. Креирањето на ракетата ,,Сармат’’, која има поголем број на боеви глави кои со независна навигација се движат кон целта. Од една боева глава излегуваат осум до десет блокови и секои лета кон посеба цел, секоја за време на лето има посебен систем за маневар, ја менува траекторијата, висината или закривеноста’’ објаснува Лазански за Спутник.

Тој истакнува дека тоа неможе да го следи ниту еден противракетен систем ниту пак да ги собори.

Кога станува збор за новиот тим на супер моќни крстосувачки ракети за кои Путин вели дека имаат практично неограничен домет и непредвидлива траекторија на лет, Лазански вели да таквите ракети најверојатно ќе бидат сместени во подморници.

,,Знаеме дека дометот на крстосувачките ракети е од 3500 до 5000 километри, а дометот на ракетите кои ги најави Путин ќе биде со интерконтинентален дострел. Ракетата ќе може да биде лансирана од подморница во Охотското море и да не иде во стратосферата, каде е лесно забележлива туку да се движи кон посакуваната дестинација 3-4 метри над морето на висина каде ниту еден радар не може да ја забележи. А се движи да речеме 13 илјади километри. Ова досега го нема никој. Тоа се ракети со неограничен интерконтинентален домет, но немаат интерконтинентална траекторија, што е многу важно, бидејќи интерконтиненталната траекторија лесно се детектира и пресретнува’’ вели нашиот соговорник.

,,Американците со новата серија на тактичко нуклеарно оружје кое сакаат да го распределат во земјите на НАТО во Европа, со проширување, НАТО се доближува до руските граници, вшмукувајќи ги земјите во НАТО, со непрекинатото патролирање на бродовите во Црното и Батличкото море ја притискаат Русија, а Русија со настапот на Путин упати јасна пораката и ние имаме коњ за трка, па сега повелете тркајте се’’ заклучи Лазански

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This