РУСИЈА ПРЕДУПРЕДУВА: Жестоко ќе одговориме – САД и ЕУ да се воздржат од предизвикување на конфликт!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија жестоко ќе реагира на било кои обиди врз нејзиниот суверенитет и нејзината безбедност, изјави постојаниот претставник на Русија при ОБСЕ Александар Лукашевиќ

„Москва жесток ќе реагира на било кои обиди на суверенитетот и безбедноста на Руската Федерација. Предупредуваме, ова што Киев го прави во соработка со САД и ЕУ, кога станува збор за провоцирање на конфликти со Русија, со себе носи сериозни последици“, нагласува тој.

Покрај тоа, укажува, дека овој инцидент е инициран и дека е со цел вештачки да се влошат односите помеѓу Украина и Русија за да се стекнат услови за воведвање на нови санцкии против Москва.

Лукашевиќ исто така предупреди дека воведувањето на воена состојба во Украина, по инцидентот во Керчкиот премин, ја загрозув безбедноста во Донбас.

Истовремено, тој бара од Киев да го осигура имунитетот на руските дипломатски мисии во Украина, имајќи во предвид дека во моменто пред дипломатските претставништва во земјата се одржуваат протести во кои активисти палат гуми и фрлаат димни бомби.

„Бараме од украинските власти да се осигура имунитетот на дипломатите и вработените во конзулатите и амбасадите во склад со Виенската конвенција за дипломатски односи и да се стават пред лицето на правдата одговорните за нападите“, заклучува тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This