Русија пpoтера бугарски дипломат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија го протера Митко Борисов, помошникот воен аташе во бугарската амбасада во Москва, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Бугарскиот амбасадор Атанас Кристин беше повикан во руското Министерство за надворешни работи на 28 декември, каде му беше врачена нота од Министерството за протерување на помошникот воен аташе во Бугарската амбасада во Москва, потполковник Митко Борисов. На наведениот службеник му беа дадени 72 часа да ја напушти територијата на Русија“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.

„Руската страна го направи овој чекор како одговор на неоснованото протерување на военото аташе од Бугарија во руската амбасада во Софија во декември“, се заклучува во соопштението.

Претходно, бугарското обвинителство објави дека вработениот во руската амбасада кој бил протеран е осомничен за собирање воени информации што се државна тајна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This