Русија станува зakaна за Велика Британија поради последната изјава на Путин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британскиот министер за одбрана, Анабел Голди изјави дека Русија претставува „значајна зaкана“ за Велика Британија, особено по говорот на рускиот лидер Владимир Путин дека руската морнарица ќе биде зајакната со 40 нови бродови.

Како што истакна Голди, следењето и реагирањето на сите овие закани е еден од највисоките приоритети на Министерството за одбрана на Велика Британија.

„Ние внимателно го следиме целиот технолошки напредок на Русија, развојот на нејзината морнарица и носиме соодветни заклучоци“, изјави британскиот министер.

Голдиева исто така рече дека Велика Британија постојано ги проценува и ги мери напорите на Русија за модернизирање на нејзиниот поморски потенцијал, со цел да се обезбеди безбедноста на регионот, пред сѐ во Балтичкото и Северното Море.

Претходно, претставникот на Домот на лордовите, Џон Андерсон, апелираше до британските власти да ја проценат безбедноста во Северното и Балтичкото Море, по изјавата на Путин за новите засилувања што доаѓаат во руската морнарица.

Треба да се потсетиме дека по повод годишнината од руската морнарица, Путин изјави дека оваа година 40 нови бродови ќе бидат дел од морнарицата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This