April 27, 2024, 11:04 pm

Русија ја oбвини Германија за подгревање на тензиите, упатена и пpoтестна нота до германското вoeно аташе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за одбрана на Русија го повика военото аташе на Германија и му врачи протестна нота поради изјавата на Анегдет Крамп-Каренбауер за нуклеарното ограничување на Русија, соопшти Министерството за одбрана на новинарите.
„Аташето за одбранбени прашања во Амбасадата на Сојузна Република Германија во Руската Федерација е поканет во Главниот директорат за меѓународна воена соработка на Министерството за одбрана на Русија. За време на средбата беше привлечено внимание на изјавата на министерката за одбрана на Германија, Анегрет Крамп-Каренбауер, во врска со прашањето за нуклеарното ограничување на Русија и беше врачена протестна нота“, соопштија од воениот оддел.
На претставникот на Германија му беше укажано дека ваквите изјави предизвикуваат засилување на тензиите во Европа и не помагаат за нормализирање на ситуацијата, потенцираат во Министерството.
Претходно, германскиот министер беше прашан за сценариото на НАТО за ограничување на Русија во регионот на Балтикот и Црното Море, вклучително и во воздушниот простор со употреба на нуклеарно оружје. Како одговор, Крамп Каренбауер рече дека има потреба „многу јасно да и се стави до знаење на Москва дека западните земји се подготвени да користат такви средства“.

Руските власти постојано нагласуваат дека земјата не претставува закана за другите земји. Истовремено, Москва изрази загриженост поради активностите без преседан на НАТО во близина на границите на Русија, каде што Алијансата редовно вежба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This