РУСКАТА ВОЈСКА СО ВОЕНИ ВЕЖБИ ВО БЛИЗИНА НА МАКЕДОНИЈА: Погледнете како изгледа воената вежба „Словенско Братство 2016“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе два дена во Србија се одржуваат меѓународните воени вежби „Словенско братство 2016“ во кои се вклучени припадници на Војската на Србија, вооружените сили на Руската Федерација и Белорусија. Одржани се низа на вежби на аеродромот „Ковин“, на автоматизираното тенковско стрелиште „Орешац“ и на интервидовскиот полигон „Пасуљански Ливади“, соопштуваат од српското Министерство за одбрана

rusi_desant_srbija

Како што се наведува, на аеродромот „Ковин“ изведен е десант со оклопен транспортер BMD-2, изведени се падобрански скокови од авион ИЛ-76 на припадниците на руската и белоруската ојска, со десантен и падобран од типот „крило“.

Скоковите ги изведоа припадниците на 63. падобранки батаљон од хеликоптери МИ-17 со падобрани тип „крило“,а финалната активност на аеродромот „Ковин“ беше хеликоптерскиот десант на припадниците на белоруските вооружени сили и силите на Специјалната бригада на Србија со два хелкиоптери МИ-8 и МИ-17.

Речиси во исто време, на автоматизираното тенковско стрлиште „Орешац“ припадниците на Првата бригада на копнената војска и Специјалните бригади на Србија ги увежбуваа тактичките работи и постапката за вод во напад, а потоа припадниците на механизираниот вод од Првата бригада извеле боеви гаѓања.

Припадниците на белоруските вооружени сили реализирале гаѓања со автоматска пушка 7.62мм, а противтерористичката падобранска чета од Батаљонот за противтерористички дејства извела и гаѓања од автоматска пушка „Хеклер и Кох“ 5.56мм, снајпер .308 и пушкомитралез „миними“ 5.56 милиметри.

На полигонот „Пасуљански ливади“ механизираното одделение од Првата бригада изведувала боеви гаѓања, а потоа припадниците од Првата и Специјалната бригада извеле тактичко боево гаѓање во рамки на вежбите „Вод во напад“.

Припадниците на Петиот батаљон на воената полиција на Србија реализирале гаѓања од митралез М-86 со борбени полициски возила ВПБ М-86, а од хеликоптерот МИ-8 и „гама“ реализирани се боеви гаѓања на цели на земја со противоклопни ракети и наведувачки ракети со калибар 57мм, додека припадниците на Специјалната бригада извее гаѓања со рачен ракетен фрлач 64 милиметри.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This