Руската делегација во знак на пpoтecт го нaпyшти Парламентарното собрание на ОБСЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската делегација во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) го напушти состанокот во знак на протест против кршењето на прописите.

„Ако сакате да работите според правилата, тогаш мора да ги почитувате. Во случај да сакате да донесете политизирани одлуки, ние нема да учествуваме во тоа“, рече претседателот на руската делегација во Парламентарното собрание на ОБСЕ, Питер Толстој, на денешната седница.
Според него, собранието ја прекршило регулативата – дека одлуките се носат врз основа на две третини од гласовите на членовите на собранието, а не врз основа на две третини од пратениците кои учествуваат на седницата – преку Интернет или во лице.

На дневен ред на собранието имаше две резолуции: едната се однесува на проценката на дејствијата на Русија кон Украина и Крим, која доби поддршка од само 126 членови на собранието, додека другата, која ги осудува постапките на белоруските власти кон опозиција, доби поддршка од 122 члена.

„Не сакаме конфронтација, туку дијалог. Одлуката донесена врз основа на 120 гласа е нелегитимна“, рече Толстој.
Собранието се состои од 323 пратеници од 57 земји.

Сесијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ се одржува од 30 јуни до 6 јули. Некои пратеници лично учествуваат на сесијата во Виена, вклучувајќи го и Толстој, додека други пратеници присуствуваат преку Интернет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This