- Advertisement -
Руската полиција, во соработка со колегите од Киргистан, заплени над 810 килограми хероин што шверцерите имале намера да го пренесат на територијата на Европската унија, објави Федералната царинска служба.
Тоа е најголемата заплена на хероин во последно време. Според груби проценки, имало околу 11 милиони дози на хероин.
Дрогата отишла од Авганистан, Иран и Пакистан во Западна Европа.