Рускиот амбacaдор повикан во министeрството за надворешни работи на Велика Британија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за надворешни работи на Велика Британија го повика рускиот амбасадор во Лондон, Андреј Келин, поради „непријателска активност“ на Русија, се наведува во соопштението на Форин офисот.

„Британското Министерство за надворешни работи го повика рускиот амбасадор поради длабоката загриженост на Велика Британија во врска со непријателското однесување на Русија, вклучително и сајбер напади, мешање во дипломатски процеси, зголемување на военото присуство на украинската граница и незаконска анексија на Крим“, се вели во соопштението.
Претходно, британските власти ја обвинија руската служба за надворешни разузнавачки служби дека стои зад кибер нападот СоларВиндс.

Соединетите држави денес објавија дека ќе воведат санкции за шест руски технолошки компании, како и ќе протераат десет руски дипломати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This