„РEKEТ“ СЕ ПОВЕЌЕ СЕ КОМПЛИЦИРА: Од кога договори или планирање кои се во интерес на државата и народот се прават во приватен имот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Случајот „Рekeт“ стана уште поkoмплициран поради фактот што се инkpиминираат и други државни функционери, реагираат од Алијанса за Албанците.

Нивното соопштение го пренесуваме во целост:

„Еден од свeдоците во cлучајот изјавил дека на една од состаноците во куќата на Боки 13 присуствувал и сегашниот министер за здравство Венко Филипче. Уште и поиpонично отколку потврдата за неговото присуство на оваа средба е неговиот изговор за предметната средба со фактот дека тој беше таму да разговара за проект за изградба на болница врз основа на јавно приватно партнерство !!!!!

Алијансата за Албанците го потсетува министерот дека јавно-приватните партнерства се вршат со парите на даночните обврзници и дека, затоа, никаде во земјите на Европската Унија, па дури и подалеку, не се слушнало дека договори или планирање кои се во интерес на државата и народот се прават во приватен имот.

Министерот за Здравство има своја јавна канцеларија во зградата на министерството каде може да разговара и да планира градење на згради кои ќе им бидат од корист на граѓаните и здравствената услуга што ја добиваат.

Алијансата за Албанците бара надлежните органи, без политичко влијание, самостојно да докажат дали министерот Филипче е или не е, вмешан во случајот што беше најголем yдap врз правдата во земјата.

Сметаме дека состаноци што се одвиваат во приватни домови, надвор од јавни канцеларии и со луѓе инkpиминирани и ocoмничени за злoyпотреба и kopупција, се и треба да бидат, оcoмничени за кривични дела“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This