САД ги предупреди граѓаните да не патуваат во Црна Гора

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот Стејт департмент ги предупреди американските граѓани да не патуваат во Црна Гора поради пандемијата со коронавирусот.

Во соопштението кое го пренесуваат дел од агенциите се наведува дека патниците кои одат во Црна Гора може да се соочат со затворање на границите и аеродромите, забрани за патувања, наредби да не ја напуштаат куќата, затворање на деловни активности и други итни случаи поради вирусот корона.

Центрарот за контрола и превенција од болести ги предупредува патниците дека треба да ги избегнуваат сите патувања во Црна Гора, бидејќи тоа може да ја зголеми можноста за инфекција и ширење на коронавирусот.

Издадено е и предупредување дека оние кои се во Црна Гора строго треба да се придржуваат до вообичаените епидемиолошки мерки, како што се носење маски, држење дистанца и грижа за хигиена на рацете.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This