САД и ЕУ ја обвиниja Република Српска за предизвикување на eckалација на kpизата во БиХ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во заедничката изјава, делегацијата на ЕУ и амбасадата на САД во Сараево ја обвинија Република Српска за продлабочување на кризата во БиХ, истакнувајќи дека ескалацијата започна на 10 декември, кога Националното собрание на Република Српска ги усвои Заклучоците за информациите за деволуција и Декларацијата за уставни Принципи.
„Порано овој месец, кога претставниците на САД и ЕУ се состанаа со политичките партии во БиХ и претставници на граѓанското општество за да разговараат за изборните и уставните реформи, политичките водачи се согласија да се подготват пред следните разговори. Оттогаш, сведоци сме само на мал напредок. Политичките водачи не ја завршија потребната работа за усогласување на политичкиот систем на БиХ со регулативите на ЕУ и судските пресуди. Дополнително, по натамошната неприфатлива ескалација на Народното собрание на Република Српска на 10 декември, политичката криза се продлабочува“, се вели во соопштението.
Заедничкото соопштение беше објавено откако специјалниот претставник на САД за изборниот закон во БиХ, Метју Палмер и претставничката на Европската унија, Анџелина Ајхорст, го одложија најавеното пристигнување во Сараево по повод продолжувањето на преговорите за Изборниот закон.
Во соопштението се вели дека обновените напори за посредување во овие разговори нема да вродат со плод сега.

„Таквите напори ќе дадат резултати само кога страните вистински ќе соработуваат за да најдат решение. Од владејачката коалиција слушнавме дека се залагаат за уставни и изборни реформи кои можат да добијат поддршка во Собранието. Реформите кои би ги направиле изборите безбедни, сигурни, како и формирањето на функционална Влада на Федерацијата БиХ се подеднакво важни за напредокот на БиХ“, се додава во соопштението.
САД и ЕУ ги повикуваат партиите да се откажат од максималистичките предлози кои, како што се наведува, не се засновани на меѓународни и стандарди на ЕУ и немаат поддршка од парламентот или општеството.
„Суштината на демократијата не е во постојаните одложувања за да се изнудат нечии барања или во наметнувањето на волјата на мнозинството. Ги повикуваме и претставниците на Република Српска целосно да се вратат во институциите“, се вели во соопштението што го пренесе порталот „Аваз“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This