САМКА ИСШУТИРАН ОД КАБИНЕТОТ НА ЗАЕВ: Ромите прегазени и отфрлени – Заев им ги одзема сите функции кои претходно ги имаа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што започна работењето на Зоран Заев, така и продолжува. Со лажење. Прво ги излажа гласачите на кои им ветуваше дека нема да има двојазичност и федерализација, промена на името и предавнички договор со Бугарија, а во меѓувреме сето тоа се случи. Потоа ги излажа Албанците на кои им ветуваше дека ќе им даде поголема инклузивност во политиките на владата. Ги излажа и граѓаните на Арачиново кои се без вода и канализација. На крајот ги излажа и Ромите

 

Единствениот претставник на Ромите во Владата на Зоран Заев, Самка Ибраимовски од Тетово, инаку претходно осомничен за криминал со продавање на производи со поминат рок, но и против кого се води истражна постапка од ОЈО Тетово за узурпација на државно земјиште, бил исшутиран од кабинетот на Заев. Буквално.

Од три високи директорски позиции, еден министер и двајца заменик-министри во владата на ВМРО-ДПМНЕ, сега Ромите имаат само еден директор и тоа на Заводот за Геријатрија. Одземени се директорските места на ГТЦ како и на Агенцијата за заштита и спасување. Одземено е и Министерството за труд и социјална политика.

Ваквите потези на Зоран Заев предизвика револт и незадоволство кај ромското население, чии политички и граѓански претставници на социјалните мрежи јавно го искажуваат своето незадоволство.

Дехран Бислим, инаку поддржувач на СДС на својот ФБ профил јавно запраша дали Зоран Заев сака со ваквите политики да ги казни Ромите, или сака на следните избори да има 0 Ромски гласови?

На ова, веднаш доби одговор од граѓани кои се согласуваат со неговиот став, и го дополнуваат дека сега дури и да протестираат, и како што велат „харикири“ да прават џабе е, бидејќи тие места веќе им се одземени на Ромите и нема да им се вратат.

Оправдано, граѓаните се загрижени поради прекршувањето на ветувањето дека СДС дополнително ќе ги интегрира во државниот апарат, а всушност како што велат, „работата оди кон ситуацијата со Ромите во 91-та“.

Секако, на ваквите коментари се јави и еден штабски молец од СДС кој се обиде да ги одбрани погубните политики на Заев кон Ромите, но безуспешно.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This