Првиот човек на делегацијата на Европската Унија во Македонија, евроамбасадорот Самуел Жбогар, синоќа на Твитер најави дека во средината на септември го завршува својот четиригодеишен мандат и дека до неговото заминување секој ден ќе објавува по една фотографија, по која по која ќе ја паменти земјава.
– Возбуден сум што се враќам дома, но истовремено сум облиен со емоции за времето што го оставам зад себе. Со 30 фотографии ќе го одбројувам времето и ќе се навраќам на сеќавањата од изминатите четири години, напиша евроамбасадорот Жбогар на неговиот профил на Твитер.