СДСМ: Со ДУИ се обврзавме да предложиме чесни, одговорни и способни кадри за нова влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ и ДУИ се обврзале да предложат чесни, одговорни и способни кадри за нов четиригодишен мандат на новата влада, соопштија од СДСМ.

– Двете партии се обврзаа да предложат соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе ја реализираат програмата во целост за време на полн четиригодишен мандат. Партиските органи, партиските секретари и портпароли веднаш ќе ја известат јавноста за сите нови моменти во преговорите и ги замолуваат јавноста и медиумите да не ги земаат предвид шпекулациите. Учесниците во преговорите се свесни и во целост ја разбираат итноста и потребата за постизборна консолидација на институциите и очекуваат дека во следните денови ќе биде постигнат конечен договор, се вели во соопштението на СДСМ.

Убава вест, но тоа изнудува прашање: Ако договорат избор на чесни, одговорни и способни кадри, какви беа досегашните, бидејќи истите партии се на власт и во изминатиот мандат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This