САНИ ЗА „ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ“ СИ ПОСАКА ЖЕЛБА: Појадок в кревет и утринска доза љубов…!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По серијата празници конкрајот на декември и јануари, првиот следен голем празник кој нашиот народ го празнува е Свети Трифун, или помладите следејќи ја модата која доаѓа од Запад, последнава деценија се повеќе го слават Свети Валентин попознат како Денот на вљубените.

Модата отиде дотаму што на овој ден на љубениот или љубената му се купуваат мали љубовни подароци, цвеќе, слатки, се оди на романтична вечера, се исполнуваат љубовните желби на саканата личност. Се разбира, претходно таа треба само да си ги замисли и да ги каже, а истите да бидат во рамките на „можностите“ на партнерот.

Иако до празникот на вљубените има уште цели две недели, македонската фолкерка Сања Сани Гроздановска реши да си ја фати работата со време, па на својот Фејсбук профил постираше фотографија со љубовната желба за денот… По принципот: „Ти кажувам ќерко, сети се снао“, чисто онака да го потсети својот сакан што го очекува за празникот.

А желбата на Сани, ем скромна, ем лесно остварлива. Појадок в кревет и утринска доза љубов… Од фотографијата се гледа дека дозата треба да биде обилна… На појадокот се мисли, секако! Останатото зависи од капацитетот и можностите… на вљубената двојка!

Се разбира, сето ова е само мала шега, која на Сани „и ги отвори очите“, откако ја кликна најновата забавна апликација која кружи по социјалните мрежи, од типот: Што ќе правиш за „Денот на вљубените“? Шега, шега, ама знаете као викаат: „Во секоја шега има половина вистина“, па…
А, за тоа, каков и колку обилен бил „појадокот“…? Ќе ја прашате Сани… Другиот ден, на 15 февруари!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This