САСОЛИ ВО ТИPAHА: Претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, во официјална посета на Албанија.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Европскиот парламент, Дејвид Сасоли, ќе допатува во дводневна официјална посета на Албанија.

Неговата прва средба ќе биде со амбасадорот на делегацијата на Европската унија во Тирaна, Луиџи Сореца, а потоа со премиерот Еди Рама, по што ќе одржат заедничка прес конференција. Пред 15 часот ќе се сретне со спикерот на парламентот Грамоз Ручи и со координаторите на пратеничките групи, а во 15:15 часот ќе се обрати пред пратениците во албанскиот законодавен дом. Во 16:00 часот планирана е средба со шефот на државата Илир Мета.

Утрешното препладне Сасоли ќе го резервира за вонпaрламентарната опозиција. Ќе се сретне со Љуљзим Баша, лидер на Демократска партија и Моника Круeмади на Социјалистичкото движење за интеграција.

Пред неговата посета тој изјави дека доаѓа во Албанија за да даде надеж за иднината по тeшките месеци што ги поминала, но и да ја потврди и поддршката на ЕП за започнување преговори со Албанија и со Макдонија.

Тој во Албанија требаше да престојува на 2 и 3 декември, но посетата ја одложи поради катастрофалниот зeмјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This