Светскиот фонд за природа предупpедува: Медитеранот се претвора во тропско море

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светскиот фонд за природа (WWF) предупредува дека Медитеранот се претвора во тропско море, поради општото покачување на температурите.

Во неодамна објавената студија, италијанскиот огранок на WWF наведува дека околу 1.000 егзотични видови се прилагодиле на животот во тие води, заменувајќи ги ендемските видови.

Овие откритија ги потврдија грчки научници кои тврдат дека видови риби од Црвеното Море се населени во Егејското и Јонското Море во последните неколку години, пишува „Грчки репортер“.

Како што е наведено, со температури кои растат во просек 20 проценти побрзо од светскиот просек, додека се зголемува и нивото на морето, а според проекциите, медитеранското ниво ќе се искачи за еден метар до 2100 година и ќе стане најсолено море во светот. најбрзо се загрева.

“Потребна е итна акција. Сега, повеќе од било кофа, треба да се фокусираме на заштита на морскиет области“, се вели во соопштението на WW.

Студијата, исто така, забележала дека поради зголемувањето на температурата, се менува и вегетацијата на дното на морето, со што се намалува присуството на ендемични треви. Се додава дека истребувањето на овие растителни и животински видови може да има големо влијание врз целиот морски екосистем.

“Средоземното море веќе не е како порано. неговата трпеизација напредна. Климатските промени не се само проблем на иднината, туку реалност за која веќе се свесни научниците, рибарите, нуркачите, крајбрежната заеница и туристите“, рече Џулија Прато од италијанскиот WWF.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This